Категории

Ќерката на Бекам за роденден доби пони од 8.000 евра, а нејзините родители повеќе не живеат заедно

Во последно време се почесто се слушаат гласини за љубовните проблеми помеѓу Викторија и Дејвид Бекам кои наводно веќе некое време живеат одвоено во Англија.

Сепак, парот на својата ќерка Харпер (6) овие денови одлучил да и купи пони вредно речиси 8.000 евра. „Викторија и Дејвид живеат одвоено. Викторија не се чувствува добро поради насобраниот стрес, а Дејвид се труди да поминува што помалку време дома. Двајцата се многу несреќни“, вели извор близок до семејството.

Иако Викторија на социјалните мрежи се труди да објавува фотографии од „совршениот живот“, реалноста е друга. Ќерката Харпер наскоро ќе го прослави својот седми роденден, а нејзините родители веќе со месеци се подготвуваат за подарокот. Откако тргнала на училиште се заљубила во јавањето коњи и сака еден за себе.

Иако Харпер и нејзините браќа Бруклин (19), Ромео (15) и Круз (13) живеат во богато семејство, знаат дека та е постигнато со многу работа и труд. Парот би требало денес да ја прослави годишнината од брак, а нивниот ПР тврди дека брачните проблеми се измислени и дека парот не живее одвоено.

 

Прегледи:
475
Објавено на:
04.07.2018