Ако сакате да го продолжите рокот на траење на вашиот омилен парфем никако не го чувајте во купатилото, како ни лаковите за нокти, кремите за очи, а ни маските за лице.
Парфем – Наглите промени на температурата и светлината имаат лошо влијание врз парфемот. Може да се промени неговиот мирис или интензитетот. Најдобро е парфемите да ги чувате во фрижидер, бидејќи тоа е ладно и мрачно место.
Лак за нокти – На лаковите за нокти подолго време ќе им треба да се стврднат и да се исушат доколку ги чуваме на ладно место како што е фрижидерот.
Крема за очи – Кремата за очи подолго ќе трае, но и ќе има повеќе ефект на очите и подочниците ако се чува во фрижидер. Ладната крема ќе го намали отокот на очите и ќе ја смири иритацијата.
Маска за лице – Подолго ќе трае и ќе има посилен ефект на лицето и очите. Ладната маска за лице бргу ќе ја опушти кожата и мускулите, па ќе го ублажи и чувството на иритација на кожата.
Крема за сончање – Многу подолго ќе ви трае ако ја чувате во фрижидер. Оставањето на кремата за сончање на високи температури ја намалува нејзината делотворност и заштитен фактор.
Природна козметика – Целата природна козметика би требала да стои во фрижидер. Станува збор за органски производи кои не содржат парабени, сулфати како ни конзерванси, па поради тоа ниските температури ќе ги држат настрана од развивањето на различни бактерии.
Овие производи не смеат да стојат во фрижидер
Во никој случај во вашиот фрижидер немојте да го чувате карминот за усни, кој под влијание на ниските температури ќе се стврдне, а есенцијалните масла кои ги содржи ќе излезат на површина. Исто така, течната пудра може да ја промени својата густина и бргу да се расипе.
Моливчињата за очи исто така не треба да ги чувате во фрижидер бидејќи ќе се стврднат и ќе се намали нивниот ефект, но сосема е во ред доколку ги ставите во фрижидер неколку минути пред нанесувањето, за полесно да повлечете рамна црта.