Категории

Пет начини да го победите стравот од летање со авион

Една од најчестите фобии е стравот од летање и паниката која се појавува во моментот кога се губи тлото под нозете.

Доколку и вие патите од овој страв, треба да знаете дека не сте осамени и дека постојат начини кои ќе ви помогнат што помалку да размислувате дали ќе го преживеете летот пред да тргнете на пат. Ова се некои од нив.

1. Најпрво научете што се турбуленции

При секоја турбуленција вам ви се стегаат градите бидејќи мислите дека авионот се руши или пак нешто не е во ред. Имено, турбуленцијата може да се спореди со дупка на патот, апсолутно нормална појава. Исто како што додека патувате со автомобил не ви пречи тоа, така треба да не ви пречат ни турбуленциите во авион.

2. Не го избегнувајте летањето со авион

За сите фобии е карактеристичен стравот од непознатото, а најдобар начин да се излечите од тој страв е се впуштите во непознатото. Затоа гледајте што повеќе да летате со авион и не ги избегнувајте патувањата кои подразбираат ваков транспорт. На тој начин со тек на време ќе се чувствувате покомфорно.

3. Концентрирајте се на дишењето

За да го избегнете потенцијалниот напад на паника, обидете се да го контролирате дишењето и бидете сконцентрирани на одржувањето нормален ритам. Вдишувањето нека трае четири секунди, задржувањето на воздухот четири секунди и исто толку да трае и издишувањето. Исто така, понесете со себе и книга која ве опушта или гледајте некој филм, за да ви помине времето побргу.

4. Не читајте лоши вести

Фокусирајте се на убави нешта, истражувајте ги што повеќе дестинациите на кои летате. Од друга страна, статистиката говори дека летањето со авион е побезбедно од копнениот сообраќај дури 6.000 пати повеќе.

5. Помирете се со тоа дека немате контрола

Ако сте „контрол-фрик“, тогаш не е ни чудно што летањето за вас е многу непријатно искуство. Меѓутоа, целта е да сфатите дека вие не можете да управувате со целта ситуација, и дека контролата е сега во рацете на пилотот. Па, веќе кога не можете ништо да промените, зошто да не се опуштите?

Прегледи:
1284
Објавено на:
06.07.2018