Категории

Ова е доказ дека мажите и жените се многу различни: Еве што ги одбива мажите, а ги привлекува жените

Најновото британско истражување открило дека мажите не сакаат кога жените паметуваат, а жените пак, сакаат кога мажите филозофираат.

Дури 60% од 350 мажи изјавиле дека со задоволство ги избегнуваат девојките кои имаат мислење на секоја тема и секогаш ги истакнуваат своите ставови за политика, мода, книжевност, спорт…

Причина?

Тоа ги одбива бидејќи сметаат дека тоа ги прави жените помалку привлечни и се губи нивната мистериозност и романтика. А жените токму тоа ги привлекува, и тоа на долги стази. Имено, дури 65% од 350 жени изјавиле дека повеќе им се допаѓаат и би биле во врска со мажи кои сакаат да зборуваат на секоја тема, кои се образовани и информирани. Она што најмалку им се допаѓа се оние мажи на кои треба да им ги влечат зборовите од уста.