Категории

Не дозволувајте да ви се уништи одморот – внимавајте на овие работи!

Не оставајте ништо на случајноста, доколку го направите тоа големи се шансите да доживеете непријатности на одмор.

Не штедете

Понекогаш се исплати да не штедите. Опсесивното размислување за најниски цени е нејчеста грешка. Важно е во обзир да го земете искуството и да ја разгледате опцијата да потрошите малку повеќе за да доживеете уште подобро искуство. Не би трбало да штедите при резервацијата на авионски карти, а најевтинте хотели на крај може да ве чинат многу.

Не ја носете половина куќа со вас

Кога се пакувате за на море, спакувајте го апсолутниот минимум. Ако се појави ситуција да ви затреба некоја облека, секогаш можете да го купите тоа што ви треба бидејќи продавниците со евтина облека ќе ги пронајдете и во најмалите градови.

Не претерувајте со планирање

Многу луѓе имаат обичај пред пат да направат детални планови и на тој начин не си дозволуваат да бидат спонтани. Тоа е вообичаена грешка. Одлично е да испланирате некои работи, како што е разгледување или одредени активности, но оставете си време за оние мали, непланирани нешта.

Пасош, пари, време

Барем еден месец пред пат проверете дали се уште ви важи пасошот, како и возачката дозвола, доколку планирате да возите додека сте во друга земја. Ова е важно затоа што во некои држави не можете да влезете доколку пасошот ви истекува за два месеци, минимумот е шест.

Исто така, не заборавајте на роамингот. Проверете со вашиот оператор дали ви е активирана таа услуга, како и дали може да добиете некои поволни услови. Секако, пред пат уште еднаш проверете дали се сите документи кај вас, како и парите кои ќе ви бидат неопходни за пат.

Прегледи:
367
Објавено на:
18.07.2018