Категории

Џенифер Лопез заблеска во црвен фустан во придружба на своето момче

Љубовниот состанок во провокативен црвен фустан не можеше да помине незабележан. Латино дивата Џенифер Лопез заблеска во црвен провокативен фустан и уште еднаш го покажа своето совршено тело.

Пејчката очигледно немала намера своето излегување со момчето Алекс Родригез да го скрие од очите на јавноста, бидејќи во вакво издание ретко кој би поминал незабележан. Токму поради тоа, не е зачудувачки фактот што фотографските објективи ги забележале додека се упатувале на вечера во хотелот „Sunset Tower.“