Категории

Погледнете како го прослави Џенифер Лопез својот 49. роденден

Џенфер Лопез го прослави својот 49. роденден, а многумина би се сложиле дека изгледа многу помлада. 

Current birthday situation… yup

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on


Пејачката и актерката Џенифр Лопез на Инстаграм објави фотографија од прославата на 49. роденден и ги остави фановите без текст. Пејачката роденденот го прослави на плажа во друштво на семејството и пријателите, облечена во минијатурно бикини, покажувајќи го совршеното тело со обликувани мускули.


Џенифер отсекогаш била полна со самодоверба кога станува збор за нејзиното тело, а нејзината кариера ја изгради на основа на вокалните способности и нејзиниот талент за танцување, а по 20 години работа резултатите се видливи. Нејзиното тело ги остава без здив нејзините фанови на Инстаграм кои ја достигнуваат бројката од 77 милиони.


За нејзината топ форма и совршен изглед на телото сигурно придонесува и фактот што таа не пие алкохол и вежба секојдневно.