Актерката Луисана Лопилато, кај нас позната по улогата на Миа Колучи во серијата „Млади бунтовници“, стана мајка по трет пат.
По двата сина, Луисана и нејзиниот сопруг Мајкл Бубле, станаа горди родители на девојче.
Аргентинската актерка се породила вчера, а веќе објави фотографија од бебето на Инстаграм со емотивна порака.
-Како да објаснам дека нашите срца ќе експлодираат од љубов. Денот нема доволно часови за да мислам на тоа. Му благодарам на Господ за овој подарок и среќа. Затоа што гледајќи во нејзините очи е како да гледаш во рајот, се вели во дел од пораката објавена од познатата актерка.