Категории

Синот на Михаел Шумахер по стапките на татка си, победи на истата трка каде шампионот трумфирал за прв пат

Синот на седумкратниот светски шампион во Формула 1 Михаел Шумахер, Мик, ја забележа својата прва победа во европската Формула 3 на патеката „Спа“ во Белгија.

Триумфот на Мик е на истата патека, каде што неговиот татко го постигнал својот прв успех во Формула 1 пред 26 години.

Шумахер мораше да почека речиси година и пол за да го дочека својот миг, но тој дојде на најсоодветно место – каде што неговиот татко запиша шест победи и во 2004 ја обезбеди својата седма светска титула.

Шумахер стартуваше од шестата позиција и пред првиот круг беше четврти. До крајот на обиколката, Мик веќе влезе во Топ 3. Само пет минути пред крајот на трката, Мик направи маневар и ги претекна во рамките на два свиока Маркус Армстронг и Роберт Шварцман, за да ја преземе лидерската позиција.

Прегледи:
332
Објавено на:
29.07.2018