Стручњаците во Универзитетската болница во Цирих анализирале спермограми на 7.068 мажи на старост помеѓу 25 и 40 години.
Паровите кои се обидуваат да направат бебе, треба да имаат односи пред 7.30 часот и тоа во пролетните месеци, бидејќи шансите за зачнување тогаш се најголеми, покажале резултатите од новото истражување.
Проверувана е концентрацијата, вкупниот број на сперматозоиди, нивната подвижност и градба. Се покажало дека и квалитетот на сперматизоидите варира во текот на денот и во текот на годината. Примероците земени во раните утрински часови биле со најдобар квалитет, а темпирањето на односите во тоа време е еден од најдобрите начини за зачнување по природен пат.
Примероците земени во пролет, во текот на март, април и мај биле подобри од оние земени во останатите месеци во годината и имале највисока концентрација на сперматозоиди, додека во текот на летото нивната концентрација значително била помала.