Уште едно ремек-дело на извонредниот Тарик Али од утре ќе биде достапен на македонската читателска публика. Романот „Ноќ на златната пеперутка“ го исфрла на површина целиот гнилеж на панџаби општеството. Тој ги обработува универзалните проблеми на љубовта и неверството, животот и смртта, религијата и општеството.
Тарик Али е Пакистанец, поточно Панџаби Пакистанец. Покрај тоа што на светот му е познат како личност од филмскиот свет, тој е новинар, политички активист, и пред се’ интелектуалец каков што му е потребен на светот. Низ кариерата се соочувал со политички обвнинувања заради својата отвореност во настапите.
Оние кои се љубители на неговите книги знаат каков космполитиски пристап има кон сите животни теми. Табуата, религиските и политичките погледи ги поставува пред читателот со своевидна отвореност. Неговите дела се тивко пловење низ интелектуалната писменост. За нас од овие крашта тој ни пренесува една слика на сосем поинаков живот на источните народи.
„Сенките на дрвото од калинка“ и „Султанот од Палермо“ веќе се на листата на омилени книги на македонската читателска публика, а тој во нив раскажува за една поинаква култура, правец кој го продолжува и во „Ноќта на златната пеперутка“.
Во неговото последно преведено дело на македонски јазик „Ноќта на златната пеперутка“ маестрално ги насликува сликите на Панџаби општеството, сестраност, но и огромен патриотизам, кој како невидена нишка што секој Панџаб го држи во тивка заробеност со родниот Пакистан.
Од утре „Ноќта на златната пеперутка“ ќе биде достапна во книжарницата Култура, а само утре специјлни цени на сите дела на Тарик Али.
Неговите книги не се ракописи за површно читање, тоа се дела кои имаат длабока емотивна порака. Љубовни приказни кои не се темелат на ниски страсти, интелектуален патриотизам кој не завршува само со земање пушка во рака. Едноставно тоа е Тарик Али!