Категории

Марија Спасовска го повторно го освои интернационалното жири на Интернационалниот фестивал Тра-ла-ла кој се одржа во Охрид и Битола од 14.08.2018 до 18.08.2018

Од 105 учесници од 18 различни земји од Европа, Марија Спасовска пред 18. членото жири успеа да се претстави во најдобро светло. Таа на 18.08.18 на Гала концертот кој се одржа во Битола свечено беше прогласена за „Best Voice“ од Претседателот на Интернационалното жири, кој покрај Пехарот Ѕвезда што ѝ го додели ѝ додели и школарина за вокална техника во Романија.


Марија во април 2019 година ќе престојува во Романија и ќе ги усовршува своите вокални способности и техники. Покрај ова, Марија Спасовска освои Специјална награда Пехар и Диплома во својата категорија во која се натпреваруваше и дополнително веќе со доделена акредитација ќе ја претставува Македонија на нови два фестивали во Швајцарија и Полска.

Пресреќна сум ❤ На Интернационалниот фестивал Тра-ла-ла Охрид/Битола го предизвикав вниманието на 18 -членото жири и освоив 1. Специјална награда Диплома и Пехар 🏆 2. Награда BEST VOICE 🏆 3. Стипендија за школување на вокал во Романија (април 2019 година) од претседателот на Интернационалното жири 4. Акредитација за фестивал во Швајцарија каде ќе ја претставувам Македонија 5. Покана за претставување на Македонија на Интернационален фестивал во Полска ❤ ❤ ❤ ❤

A post shared by Marija Spasovska (@marija.spasovska_official) on