Светските медиуми не престануваат да пишуваат за славната манекенка Наоми Кемпбел која е трудна во петтата деценија од животот, како и дека е во четвртиот месец од бременоста и се чувствува одлично.
Среќните вести на Инстаграм најпрво ги објавил нејзиниот избраник, раперот Скепта, кој во јули споделил со своите следачи слика од ултразвук. Кратко по оваа објава, Наоми обелоденила дека е бремена и се упатила на крстарење на Јадранско море. Манекенката и раперот врската ја официјализираа пред половина година со насловна страна на престижен британски магазин на кој позираат само по долна облека видно заљубени.