Категории

На задоволство на публиката, позната е нашата овогодинешна претставничка на детска Евровизија

Изминатата недела, на 18. август се одржа аудицијата за избор на претставник за Македонија на изборот за песна на Јуниорскиот Евросонг 2018. На аудицијата беа пријавени 10 кандидати кои имаа можност да го покажат својот талент пред стручното жири.

По преслушувањето на сите кандидати, комисијата едногласно одлучи овогодинешниот претставник на детска Евровизија за Македонија да биде Марија Спасовска.

Марија е ученичка во VIII одделение во основното училиште „Александар Македонски“ од Скопје, која според мислењето на комисијата имаше најдобар настап и потврди дека поседува извонедни пејачки способности и достојно ќе ја претставува Македонија на 16-то издание на Јуниорскиот Евросонг кој се оддржува на 25-ти ноември во Минск, Белорусија.

Марија на домашната и публиката во регионот и е позната по своите досегашни музички успеси. Нејзиното досегашно искуство е прилично богато. Има издадено свое промотивно ЦД со вкупно 7 соло песни. Учествува и добитник е на награда за финалист од детска категорија при „Кастинг талент шоу“.

Во истото шоу добива улога за мал ангел во првиот македонски мјузикл „Тајно Моја“. Има освоено и две награди за освоено второ место на настапи во Минск, Белорусија и во Струга. Исто така има освоено престижна награда која е од големо значење -3 Лауреат на најпрестижниот фестивал „Славјански Базар“ во Витебск. Освен многубројните награди и признанија, публиката последниве месеци ужива во нејзиниот тинејџ хит „Играј со срце“ за кој има и видео запис, а композицијата има македонска и српска верзија.

Нема сомнеж дека оваа година Македонија направи вистински избор за претстојната детска Евровизија, па затоа со нетрпение го очекуваме нејзиниот настап заедно да навиваме за што подобар пласман на нашата земја.