Дали чешањето е позаразно од прозевањето и смеењето. Додека се гледа некој како се чеша, дури две третини од луѓето не можат да му одолеат на нагонот и самите да се почешаат.
Научниците сега веруваат дека ја пронашле причината поради која чешањето е толку заразно. Тие сметаат дека се зависи од емоциите. Истражувањето открило дека луѓето кои се подложни на заразно чешање, исто така, се подложни и на негативни чувства. Колку личноста е емотивно постабилна, полесно ќе му се спротивстави на нагонот за чешање откако ќе забележи дека тоа го прави некој друг.
Разбирањето за механизмите зад овој процес би можело да доведе подобро лекување на лицата кои страдаат од хронично чувство на јадеж, за кој не постои дерматолошки пример.
Речиси сите ја чувствуваат потребата да се почешаат кога ќе видат некој друг да го прави истото, но никој никогаш не знае зошто е тоа така. Порано се верувало дека причината за тоа е емпатија. Меѓутоа, ние откривме дека невротицизмот (генерална тенденција на личноста да доживее негативно чувство) е тесно поврзан со заразното чешање, истакна докторот Хенинг Хол од Универзитетот Хул.
Во истражувањето учествувале 51 волонтер. Пред тестирањето сите пополниле анкета, а потоа им била скенирана активноста на мозокот додека гледале снимка на која биле прикажани луѓе како се чешаат. Скенирањето покажало дека набљудувањето некој што се чеша ги активира истите делови од мозокот кои се поврзани и со реалното чувство на јадеж.