Есента полека доаѓа, а време е да се подготви омилената зимница. Ви пртставуваме рецепт за доматен сок кој ќе ве одржува здрави во текот на студените месеци кои претстојат.
Состојки:
- 50 кг домати
- 10 лажици сол
- 2 лажици шеќер
- 2 кесички конзерванс
- 20 г мелен бибер
- 2-3 пиперки
- 1 лист од першун
- 1 лист целер
Подготовка:
Измијте ги доматите. исчистете ги и смелете ги со машина за мелење домати. Добиениот сок од домат ставете го во големо тенџере. Потоа ставете го на средна температура да се вари. Додадете ги листовите першун и целер. Ставете ги цели, неисчистени измиените пиперки. По желба, може да ставите и некоја лута пиперка. Ставете шеќер, бибер и сол. Солта додавајте ја постепено спред вкусот.
Пред самиот крај додадете го и конзервансот. Сварете го малку. Вкупно варете околу 90 минути. Кога ќе помине предвиденото време, извадете ги пиперките и листовите и додека е жежок сокот веднаш претурете го во шишиња и затворете ги со метални чепови. Свртете ги наопаку шишињата да стојат на капачето околу десет минути. Потоа вратете ги во нормална положба.