Оваа хит диета моментално е многу популарна, а нејзиното основно правило е за појадок да јадете банана со чаша или две млака вода.
За појадок е потребно да изедете една банана, а максималната дозволена количина се четири банани секое утро. Останатите оброци треба да бидат лесни, помали и почести. Останати правила за исхраната во остатокот од денот не постојат. Јадете нормално за ручек и вечера, но не претерувајте. Оригиналната диета се држи од 7 до 12 денови.
Кафе
Дозволено е повремено да се напиете незасладен чај или кафе, но се препорачува да го избегнувате во текот на диетата.
Алкохол
Важно е да го исфрлите алкохолот.
Слатки
Ако не можете да им одолеете на слатките, изедете едно мало црно чоколадо, најдоцна до 15 часот. Ако сакате солени грицки, подгответе си пуканки со минимално масло и сол.
Вечера
Последниот оброк изедете го околу 20 часот, иако би било идеално доколку вечерате до 18 часот.