Категории

ФОТО : Една од сестрите Кардашијан има ново момче

Ријалити ѕвездата Кортни Кардашијан (39), минатиот месец ја прекина врската со моделот Јунис Бенџим (25), а многу брзо после тоа, според пишувањето на странските медиуми, пронашла ново и тоа уште помладо момче, Лука Сабат (20).

Тие двајца овој викенд го поминале заедно, прво уживале во италијански ресторан во Лос Анџелес, а потоа отишле во луксузен бар со базен.

Новопечениот пар не се разделил, па по ова патување, заминале во Чикаго, на отворање на азиски ресторан и ноќен клуб.

Кортни со своето момче има направено и неколку фотографии.

Лука е модел, стилист и моден дизајнер, кој глуми во американската комедија “Grown-ish”. Пораснал на релацијата Париз-Њујорк, мајка му е стилистка, а татко му моден дизајнер.

Пријателка на Кортни, за магазинот “People”, открила дека нејзиното семејство е среќно, бидејќи раскинала со Јунис.

“Кортни повеќе не е дистанцирана од сестрите и со нив работите повторно се во ред. Повторно сѐ ќе се нормализира наскоро, судејќи по тоа дека Јунис повеќе не е во игра”, рекла пријателката и заклучила дека е позитивно тоа што Кортни има 19 години помладо момче.

Прегледи:
482
Објавено на:
20.09.2018