Од денеска, па до недела во општина Ѓорче Петров за првпат ќе се одржи манифестацијата „Звуците на културата“. Многу познати музички имиња, играорни групи, млади таленти и баскер артисти се дел од програмата која ќе може да ја погледнеме од среда до недела.
Покрај активностите на главната бина, ќе има и детско катче, театар на сенки, работилници, хуманитарни акции, базар на ракотворби, локални производи и деликатеси, како и филмски проекции. Во недела ќе биде прикажан и филмот „Исцелител“ на Ѓорче Ставревски.
Локацијата е во реонскиот парк во Ѓорче Петров, а програмата секој ден започнува во 17:30 и ќе трае се до доцните вечерни часови.
Настапуваат: Летечки пекинезери, Игор Џамбазов и Гуру Харе, Кристина Арнаудова, Миле Кузмановски, Токсиколози, Бени и Нон Стоп, Куку Леле, Тони Зен, Ласт Експедишн, Мугер Фугер, мјузиклот Коштана, ПМГ Колектив, Милко и многу други.