Денес, 21.09.2018. година, во просториите на Агенција за млади и спорт, организаторите на Европската недела на спортот одржаа прес-конференција за медиуми, поканувајќи ги сите граѓани кои се љубители на спортот и спортските активности да земат учество во претстојните настани кои ќе се одржат од 23-30 септември оваа година.
Европската недела на спортот постојано организира настани каде што се вклучени љубители на спортот од сите возрасти се со цел да се подигне свеста кај граѓаните за придобивките од физичката активност. Од 23 до 30 септември се организираат многубројни настани, одбрани и поделени на тој начин што секој ќе може да најде своја омилена активност, без разлика дали го практикува спортот редовно или повремено.
- На 23 септември, во 18 часот ќе се одржи големиот настан Tartucall во Жена парк
- На 25. септември, во 19 часот на Градскиот плоштад, ќе се одржи Масовно скокање на јаже
- На 29. септември, во 17 во Спортскиот центар Борис Трајковски, истовремено ќе се случуваат 70 различни активности
- На 30. септември во 10 часот се организира фестивал каде што заедно ќе го искачуваме Водно
Бидете здрави, активни и исполнети со позитивна енергија. Бидете дел од Европската недела на спортот!