Категории

Пепа Димитрова – “Доцна е” прва награда за сценски настап на Макфест 2018

Пепа Димитрова на 33-тото издание на најреномираниот музички фестивал за забавна мелодија –Макфест, се претстави со песната “Доцна е” и ја освои наградата за сценски настап.

Таа беше придружувана на сцената од танчерите на Студиото БРЕЈК А ЛЕГ и балетскиот пар Миро Митрашиновиќ и Кристина Накевска од МОБ, кореографијата ја подготви и изработи Андријана Петковски . Признанието за најдобар сценски настап доаѓа во вистински момент затоа што Студиото БРЕЈК А ЛЕГ прославува 10 години од своето постоење, а со ова само се потврдува нивниот неспорен квалитет.

“Оваа песна е една од моите омилени, полна е со емоција и чувства, не е лесна за изведување но и такви песни се оние кои остануваат долго во етерот, самото тоа бараше и кореографија за која се подготвуваме скоро еден месец , па затоа и сме задоволни од наградата која само ни потврди дека со многу љубов, работа и пожртвуваност успехот е неминовен.”

Инаку песната “Доцна е” е авторско дело на композиторот Глигор Копров, аранжманот е на Саша Николиќ, а текстот на Огнен Неделковски. Убава лирска балада полна со емоции и возбудливи атрибути кои заедно со одличниот вокал и интерпретација на Пепа Димитрова ги исполнува сите сетила за добра музика и безвременски хит.

Низ обејктивот на истакнатиот фотограф Кристијан Теодоров – Кики, произлегоа фотографии кои низ монтажата на Енигма продукција створи видео со текст, додека се подготвува официјален видео спот.

Погледнете го видеото и слушнете ја “Доцна е”.

Прегледи:
833
Објавено на:
09.10.2018