Категории

Паровите одговориле колку долго им трае сексот, а повеќето се жалат на истата работа

Додека сексуалните интереси варираат од личност до личност, околу тоа колку треба да трае идеалниот секс сепак многумина се сложиле. 

Истражувањата на продавачите на сексуални помагала се изјасниле што мислат луѓето за времетраењето на сексуалните односи- и се покажало дека магичниот број изнесува 30 минути.

Резултатите покажале дека 40% од испитаниците преферираат секс од половина час и повеќе, но само 24% признале дека толкав и е просекот во нивните врски. Дури 47% се изјасниле дека сексот им трае 15 минути, додека 16% признале дека сексот завршува за 10 минути.

Сексологот Трејси Кокс неодамна изјавила дека не е важно времетраењето на сексот доколку и двата партнери се задоволни од него. Истражувањето открило и на која возраст луѓето се најзадоволни со со сексот. За таа цел, 14.6% од испитаниците помеѓу 36 и 40 години, сексот го оцениле со максимална оценка 10. Следни на листата се оние на возраст од 46 до 50 години, од кои дури 13.5% дале оценка 10.

Од ова може да се заклучи дека луѓето сануваат позадоволни со својот сексуален живот во подоцнежните години, кога имаат повеќе време да го разберат своето тело, како и на партнерот.

Прегледи:
471
Објавено на:
09.10.2018