За многумина, есента е омиленото годишно време. Сезонската промена носи пониски температури, но исто така тоа е периодот од годината кога листовите се претвораат од зелени во прекрасни различни живописни нијанси.
Професионалниот управувач со дрон Џастин Мекфарланд неодамна ја сними долината Огден во Јута, откривајќи блескав приказ на калеидоскопски бои креирани од природата. Како што поминува дронот над густите шуми, високите зимзелени дрвја ѕиркаат над мноштво бујни дрвја со розови, пастелно пурпурни и живописни жолти лисја. Погледнете го ова видео и дознајте зошто Јута навистина е толку посебна!