Оваа сабота, на 20. октомври, CrossFit Skopje организира работилница наречена „Single Double Triple“, каде што сите љубители на физичката активност ќе имаат можност да учествуваат и да ги надоградат своите вештини преку скокање на јаже, а тренерот Жарко Батич ќе се погрижи за текот на настанот, загревањето и усовршувањето на вештините.
View this post on Instagram
„Single Double Triple“ е работилница за сите оние кои сакаат правилно да научат да скокаат на јаже, а воедно и за оние кои мислат дека знаат да скокаат, со цел да ја надградат и тестираат својата вештина и капацитет. Скокањето на јаже е основа во развојот на кардиоваскуларниот систем.
Структура на часот:
- Соодветно загревање
- Прогресија во движењето
- Усовршување на вештината
Оваа работилница ќе заврши со следниот тест:
- 100 x Double Unders за време
- 50 x Triple за време
Работилницата ќе се одржи во просториите на CrossFit Skopje со почеток од 11 часот, а ќе трае до 12 часот. За сите членови на CFSK работилницата е бесплатна. Цената за сите заинтересирани изнесува 500 мкд.