Категории

Три важни чекори за денот да ви помине без стресови и нервоза

Воведување рутина со која го започнувате денот е долготраен и честопати тежок процес, но на крајот на патот доаѓаат наградите – намален стрес, креативни сте и продуктивни, открива познат неврохирург.

1. Медитација

Започнете го денот рано наутро и медитирајте 10 минути. Тоа е чин на своевидна „самонега“, најважниот чекор во денот и затоа треба да биде првото нешто што ќе го направите. Докажано е дека медитацијата го намалува ризикот од стрес, ја развива креативноста, го подобрува сонот. Затоа, на почетокот на денот, подарете си 10 минути само на себе.

2. ‘Check in’

Креирајте си свој, персонализиран „документ“ за секој ден во наредниот месец и запишете по една задача дневно. Кога во текот на денот ќе искрсне нешто итно, таа задача ставете ја во документот и забележете го денот кога ќе се бавите со неа.

По медитацијата, проверете го документот за тековниот ден, прегледајте ги задачите и почнете со решавање од наједноставните. Пронајдете свој начин за систематизација, воведете го во мобилниот, нотесот или компјутерот. На овој начин нема да доцните со роковите и ќе го намалите стресот во текот на денот.

3. Планирање

Овој чекор се надоврзува на другите два. Доколку го започнете денот без план, тоа е како да тргнете на пат, а не знаете каде одите и немате крајна дестинација. На крај, можеби ќе стигнете негде, но ќе бидете уморни и изнервирани. И многу веројатно дека на целта ќе стигнете последни.

Прегледи:
557
Објавено на:
17.10.2018