Категории

Во фабриката Купром, изградена во 1940-те години, во недела, 21. октомври ќе се одржи едукативно културен настан

Настанот Купром е замислен како дневна есенска дружба во организација на Меѓународна невладина организација Културно Ехо, со едукативно/промотивни, културно –уметнички и еколошки активности, со цел да се запознаат локалните жители со можностите што ги нуди напуштениот објект, фабриката Купром. 

Фабриката „Купром“ е индустриски комплекс наменет за обработка на хромова руда, кој е изграден уште во 1940-те за време на Втората светска војна. Тој со децении е двигател на развој во својот регион што резултира во креирање на неколку населби како Хром и Влае. Денес напуштената фабрика е уште еден пример од индустриско наследство во Скопје, а на настанот во недела е предвидена следнава програма:

1. Претставување на Културно Ехо – 10 мин
2. Презентација на проектот Напуштени Можности – Симона Димковска- 20 мин
3. Презентација на магистерски трудови на архитекти за Купром:
– Наташа Вчкова – „Заштита на урбаните празнини преку реадаптација на напуштени индустриски објекти“ 15-20 мин
– Горјан Венов – „Истражување на обликувачки и програмски нови модели/типологии на јавните објекти за потребите на реонските центри во градот Скопје | Наслов : Трансформација на напуштен производствен објект во нов простор од областа на културата – нов културен дистрикт за потребите на реонскиот центар на општина Карпош“ 15-20 мин
– Ангела Димитрова – „Пренамена на фабрика Купром со нови програмски и јавни содржини соодветни за технолошки центар“
15-20 мин
4. Говор на LD Pistolero = 15-20 мин+проекција на видеа,документарци,спотови направени во Купром
5. Краток Космички Водич низ Човековите Права и Заедничкото Добро – Александар Ташковски L.L.B L.L.M. студент по Меѓународно право 15 -20 мин
6. Дебата со публика
– вклучување на невладини организации
– советници, професори, професионалци
– поддршка од јавни личности
7. Музичка програма на Лонгбас

Повеќе за организацијата Културно Ехо може да дознате на нивната веб страна.

https://www.facebook.com/culturalechoes/videos/2222510661319612/

Прегледи:
2912
Објавено на:
18.10.2018