Категории

Еве зошто никогаш не смеете да го јадете делот од мувлосаниот леб кој сте го исчистиле

Кога ќе видат дека мал дел од лебот мувлосал, поголемиот дел од луѓето го отстрануваат тој дел, а остатокот го јадат. А еве зошто тоа е лоша идеја!

Иако изгледа дека откако ќе ја отстраниме мувлата, добиваме чист леб, научниците објаснуваат дека всушност чист дел не постои. Имено, телото на мувлата го сочинуваат густо населени клетки без хлорофил кои се безбојни. Се нарекуваат хифи и поради нив мувлата делува како пајажина. Покрај тоа, тука се и габичките со микроскопска големина, од кои се испуштаат микротоксини кои можат многу да му наштетат на организмот ако се внесуваат.

Поради тоа, доколку честопати ви се случува да ја отстраните мувлата и остатокот да го изедете, поголема е веројатноста дека ќе имате проблем со оштетување на бубрезите и црниот дроб и генерално имунитетот ќе биде ослабен.

Прегледи:
576
Објавено на:
18.10.2018