Категории

Инспиративна приказна за најубавата жена на светот

Еднаш, една група мажи разговарале за тоа како изгледа најубавата жена на светот. Еден од нив сакал кафени, друг девојки со руса коса, третиот црни девојки, а четвртиот девојки со продорен поглед.

Постојано се расправале за тоа каква треба да е најубавата од нив. Некои сакале високи девојки, некои слаби. Почнале жестоко да се расправаат со денови, не успевајќи да најдат решение и најдобар одговор. Гледајќи дека така нема да стигнат до најдобро решение, одлучиле да му се обратат на најмудриот човек од нивниот град и да го слушнат неговото мислење.

Во еден глас го прашале:

  • Се расправавме, но никако не можеме да разбереме. Кажи ни ти нам, мудар човеку… која жена е најубава на светот?

Старецот долго гледал во нив смеејќи се. На крајот одговорил:

  • Онаа која ја сакаш. Таа е најубавата жена на светот.
Прегледи:
286
Ознаки:
· ·
Објавено на:
18.10.2018