Хотелот настанал по желба на бизнисменот Телман Исмаилов да ја изгради вилата од своите соништа.
Мардан Палас е турски ресорт со пет ѕвезди инспириран од златната доба на Отоманското царство. Хотелот се наоѓа во анталиската Лара, отворен е 2009. година, а на отворањето присуствувале многу познати имиња како Мараја Кери, Кендал Џенер, Шерон Стоун, Ричард Гир, Моника Белучи, Парис Хилтон, Сил, Том Џонс и многу други.
Оваа верзија на отоманскиот рај е дело на азербеџанскиот бизнисмен Телман Исмаилов, кој се вљубил во тој регион и одлучил да изгради луксузен хотел. Првичната желба му била да купи земја и да изгради приватна вила, но не можел да добие документи за изградба на вила, туку за хотел и така настанало ова царство за луксузен хедонизам.
Хотелот е неговата куќа од соништата.