Категории

Победете ја анемијата со помош на овие намирници

Милиони луѓе ширум светот патат од недостаток на железо во крвта, односно анемија. Познато е дека анемијата предизвикува умор, летаргија и ја намалува продуктивноста. Лошо влијае на целокупното здравје, му штети и на срцето. За да го олесните овој проблем, ви откриваме кои намирници задолжително треба да ги вклучите во исхраната.

Кафеавиот ориз е богат со влакна кои помагаат во исфрлањето на токсините од организмот, додека железото од оризот се бори против анемијата.

Овесната каша е добар избор за оние кои патат од недостаток на железо. Започнете го денот со хранлив оброк кој ќе го подобри вашето здравје.

Компирот содржи висок процент на железо, поради што исто така задолжително треба да го вклучите во исхраната.

Брокулите се богати со железо, што е доволна причина да јадете барем една до две порции од овој здрав зеленчук неделно. Јагодите се богати со железо, а содржат и витамин Ц кој му помага на телото да го апсорбира железото.

Како јагодите, така и спанаќот содржи железо и витамин Ц, поради што задолжително треба да се најде на вашето мени.

Прегледи:
515
Објавено на:
19.10.2018