На официјалниот канал на детска Евровизија од вчера се наоѓа и евровизиската песна на нашата Марија Спасовска со наслов „Дома“. Иако видеото се објави со мало задоцнување, прегледите и коментарите не престануваат да се зголемуваат, давајќи поддршка за претстојниот фестивал и нашата земја.
„Ремек-дело“, „Колку прекрасна и мистична песна, поздрав од Франција“, „Македонија до победа“, „Да, имаме победник на овогодинешната Евровизија“, се само мал дел од многубројните коментари каде што љубителите на квалитетната музика од сите страни на светот ја искажуваат својата поддршката.
Зад ова ремек-дело како што ја нарекуваат многумина композицијата „Дома“, стојат врвни македонски имиња – Дарко Димитров кој се погрижи за музиката и аранжманот и Елена Ристеска која го напиша текстот заедно со Дарко, па затоа воопшто не зачудува фактот што оваа композиција се издвојува и освојува уште на првото слушање.
Песната „Дома“ има топла и хумана порака за сите: Секое дете да го најде својот топол дом, да се згрижат децата од целиот свет кои немаат дом. Ангелскиот глас на Марија Спасовска внесува посебни емоции кои што ја пренесуваат приказната дури и доколку не го разбирате македонскиот јазик.
На 25. Ноември 2018. година во Минск, Белорусија сите заедно да ја бодриме Марија горди што конечно наашата земја го има вистинскиот претставник и вистинската песна за престижниот фестивал детска Евровизија.