Категории

На 30.10 и 2.11.2018 во МОБ ќе се одржи балетската претстава „Лебедово езеро“

Македонската опера и балет Ви најавува двојна изведба на најдобриот балет на сите времиња „Лебедово езеро“ кој ќе се изведе на големата сцена на 30.10 и 2.11.2018 со почеток во 20 часот.

Ода за моќта на љубовта!

Класика која ја раскажува вечната борба помеѓу доброто и злото. Легендата за мистериозната лебед-жена е еден од најромантичните класични балети, и се карактеризира со многу елеганција, стил и хармонија. Со познатата, лирска мелодија на Чајковски, „Лебедово езеро“ ја отсликува трагичната љубов помеѓу принцезата Одета и принцот Зигфрид. Ова универзално и волшебно ремек-дело на љубов, измама и драма не смее да се пропушти.

Настапуваат Мими Поп Алексова-Атанасовскa, Васил Чичиjашвили и Игор Веланоски во вторник, 30 октомври.

– 2 ноември , петок настапуваат Марија Кичевска Шокаровска, Бобан Ковачевски и Игор Веланоски

Солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Македонската опера и балет

Диригент: БИСЕРА ЧАДЛОВСКА

Билетите се веќе пуштени во продажба на билетарницата на МОБ: 02 3118-451 и онлајн: www.mob.mk