Категории

Успешен хуманитарен викенд во ЗОО Скопје: Собраните средства ќе бидат донирани за Сара со дополнителни 100.000 денари од буџетот на ЗОО Скопје

Изминатиов викенд, во Зоолошката градина Скопје се одржа хуманитарен настан со цел да се соберат донации за лекување на 15. годишната Сара Настеска од Охрид.

Сара боледува од анемија апластика и мора да оди на третман кој чини дури 200 000 евра. Кутијата за донации е поставена секојдневно на билетарата во Зоолошка, а изминатата сабота се одржа и специјален настан за собирање на средства.

Посетителите имаа можност да се дружат, сликаат, играат и анимираат со најомилените Дизни ликови Мики и Мини, а за тоа време во интерактивната зона беше поставена и кутија за донации каде што секој можеше да помогне за Сара да има безгрижни тинејџерски денови.

 

„Средствата кои ги собравме за Сара денеска ќе бидат уплатени на трансакциската сметка. Ви благодариме хумани луѓе кои бевте дел од оваа акција, а на Сара и посакуваме што побрзо да оздрави и да биде наша гостинка заедно со помалото братче. Бидете храбри“, објавија од Зоолошка градина.

Покрај собраните средства од хуманитарниот настан, денес директорот на Зоолошка градина Скопје, Ѓорги Галетановски ќе одобри дополнителни 100.000 денари од буџетот на ЗОО Скопје за лекување на младата Сара Настеска.

Прегледи:
449
Објавено на:
29.10.2018