Категории

Кејт Мидлтон ја откри тајната која ја бараат сите жени: Како безболно да носите високи потпетици?

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, ретко кога можеме да ја видиме без нејзиниот заштитен знак – високи потпетици.

На бројните кралски настани и разни церемонии таа долго време стои, па многу жени се прашуваат како Кејт издржува со часови на високи потпетици .

Како што пренесува „Венити фер“ нејзината тајна е во влошките за чевли. Кејт во сите чевли става влошки од италијанско производство направени од квалитетна кожа кои ѝ пружаат удобност и стабилност.

Многу е важно да се истакне дека станува збор за кожни влошки затоа што силиконските или влошките од ткаенина не се доволно цврсти за да го стабилизираат стапалото.

Прегледи:
429
Објавено на:
30.10.2018