За да го отстраните забниот камен, кој може да предизвика воспаление на непцата (гингивитис и парадонтит), користете ги овие придодни рецепти.
Рецепт 1:
30 грама лушпа од орев и малку вода.
Ставете гии лушпите од оревот во тенџере, додадете вода и варете 15 минути. Потопете ја четката за заби во мешавината и измијте ги забите (5 минути).
Повторете ја оваа постапка наутро, попладне и навечер.
Рецепт 2:
Јаболков оцет, исто така, може да се користи за отстранување на забниот камен, но само еднаш неделно.
Ставете малку јаболков оцет во вашата уста и четкајте ги забите. Темелно исплакнете ја устата со вода за да избегнете оштетување на забниот глеѓ.
Рецепт 3:
Земете три лажици од горчлив пелин (Artemisia absinthum) и додадете четири децилитри зовриено вино.
Оставете ја смесата да се излади два часа. Потоа исцедете ја смесата и измијте ги забите неколку пати на ден со истата.
Рецепт 4:
Сода бикарбона, исто така, може да ви помогне да ги отстраните забните камења.
Ставете малку сода на влажна четка за заби и измијте ги забите. Можете да додадете и малку сол, заедно со содата и да ги миете забите со таа комбинација.