Одржувањето на физичката кондиција е особено важно за физичкото и менталното здравје на секоја личност. Но, кога зборуваме за редовното вежбање пилатесот се вбројува во најефикасните начини за постигнување на одлични резултати, зацврстување на секој дел од телото, а пред сѐ воведување ред и дисциплина во секојдневните навики.
За почетоците на пилатесот на нашите простори, придобивките и ефектите од него, зборуваме со Магдалена Митевска, сестрата на Ирина, основачката на првото пилатес студио во Македонија – „PowerHouse Pilates“ која продолжи да ги следи нејзините чекори во пренесувањето на љубовта кон пилатесот.
1. Како започна приказната наречена „PowerHouse Pilates“ и како се развиваше и напредуваше низ годините?
Нашата приказна е долга и стара, но е единствена и е прва. PowerHouse Pilates е прво пилатес студио на нашите простори. Датираме од 2002 год. Основач на пилатес техниката за која е специјализиран PowerHouse е мојата сестра Ирина Пилатес Митевска, прв пилатес инструктор во Македонија.
Ирина е таа која го смени начинот и стилот на живеење на многу девојки и жени кои во тоа време сакаа да пробаат нешто ново и различно и притоа да одговара на секој во било која возраст. Преголемиот интерес за место плус во PowerHouse рапидно се зголемуваше. Секојдневната желба за вежбање донесе идеја за проширување и така денес PowerHouse успешно функционира на три локации низ градов: Дебар Маало, Кисела Вода и Аеродром.
View this post on Instagram
Успешноста и посветеноста на Ирина го донесе PowerHouse на врвот каде сѐ уште се одржува. Јас како горда сестра на Ирина, заедно со верните и вредни инструктори на PowerHouse ja продолжуваме приказната која ни ја остави доајенот на пилатес техниката Ирина Пилатес Митевска.
2. Од досегашното искуство дали може да се заклучи дека жените посветуваат внимание на својот изглед и здравје?
За 16 години постоење многу сме среќни што сменивме начин и стил на живеење на многу девојки кои успешно се посветија на грижата за себе. Упорноста и мотивацијата на нивните инструктори го смени начинот на размислување кај девојките кои на прво место се ставија себе, своето здравје и изглед и притоа имаа сѐ поуспешни резултати. Задоволството е взаемно. Секојдневно гледате лица кои си одат дома среќни и задоволни, а ние полни со убави емоции продолжуваме да ги мотивираме.
View this post on Instagram
3. По што се разликува „PowerHouse Pilates“ и зошто токму овој центар за пилатес е вистинскиот избор?
PoweHouse e студио кое се разликува од останатите пилатес студија по бројноста и разновидноста на реквизитите кои што ги поседуваме, уникатните вежби, индивидуалноста на часовите, ведриот дух кој владее при вежбањето како и условите кои ги нудиме.
View this post on Instagram
Професионалноста, насмевката, пријателскиот однос, љубезноста и ведрината на инструкторите Ивана Каратукова, Јована Мицевска, Снеже Велков, Катерина Трповска, Марија Алексиќ, Елена Јаневска, Надица Боева и Вероника Радеска е она што го издвојува PowerHouse од толпата.
4. Среќата е една од најважните чувства кај секој од нас. Таа е емоција која не поттикнува да ги оствариме сите соништа и да продолжиме мотивирано да чекориме напред. Што е за тебе среќа?
Среќата е важен дел од животот. Задоволни и здрави вежбачи, среќни инструктори, насмеани лица, полни сали, постигната цел и признати резултати се среќа на целиот PowerHouse тим. Во нашите сали, во тој еден час кој сте си го одвоиле за себе се повеќе се гледаат среќни, безгрижни и спокојни лица. Здравјето, енергијата и ослободувањето од стресот кое ке ви ги донесе пилатесот е среќа за нас како тим кој се стреми кон повеќе успех.
5. „PowerHouse Pilates“ одлично функционира на три локации, а лојалноста на членовите и зголемувањето на тимот се доказ за ефикасноста од часовите кои ги одржува тимот од инструктори. Што би им порачала на сите девојки и жени кои сакаат да започнат со пилатес, а сѐ уште го немаат направено тоа? Зошто пилатесот е вистинскиот избор?
Пилатес во PowerHouse e секогаш вистинскиот избор. Не само што ке го подобрите вашиот физички изглед туку и ќе бидете посреќни, а со тоа и ќе зрачите повеќе среќа за околината. Пилатесот го намалува стресот и ја зголемува самодовербата и енергијата, едноставно ве прави комплетни.
Со пилатес не само што ќе работите на себе физички туку и психички. Ќе си овозможите едночасовен Body and Mind Workout кој нема да можете повеќе да го игнорирате. Затоа немојте да се мислите, активно грабнете ја среќата која ви ја нудиме.