Многумина веруваат дека со светот управуваат тајни друштва како Илуминатите. Ова можеби звучи неверојатно, но дали има вистина во овие верувања? Низ историјата постоеле тајни друштва кои имале големо влијание врз развојот на општеството какво го знаеме денес. Ова се неколку тајни друштва кои со своите влијанија го создадоа модерниот свет.
Карбонари
Карбонари е името на тајната револуционерна организација од 19-от век, широко распространета на апенинските полуостровски држави, кои се бореле против монархистичките промени, кои се случиле после Наполеон во 1814 година.
Ла Тринитарија
Доминиканската република своето постоење на денешната карта на светот им го должи на тајното друштво наречено Ла Тринитарија, или Троица, основана во 1838 година.
Основачот е Хуан Пабло Дуарте, познат и како таткото на Доминиканската Република. Тој кога имал само 25 години, со помош на осум пријатели, меѓу кои и Франциско Дел Росарио Санчез и Рамон Матија Мело. Нивна цел била да се подигне националната свест.
Филки Етериа
Друштвото Филики Етериа или Друштвото за пријателите е уште една тајна организација формирана во 19 век, чија главна цел била да ја отфрли Отоманската империја од Грција за да да се успостави независна држава. Грчката војна за независност започна во 1821 година, која траеше 11 години и на крајот доведе до создавање на модерна грчка држава.
Германенорден (Тула)
Едно од тајните друштва во поновата историја, кое е можеби најмалку истражено е Германенорден чии членови биле Ариевци. Нивните ставови биле темели на нацистичкиот режим. Друштвото е основано во 1812 година за да се бори против масонските групи. Од 1916 година, симболот на оваа асоцијација била свастиката. Се облекувале како витези и кралеви со црни мантии. Во 1918 година го смениле името во Тула.
Нивните подземни активност во 1919 година довеле до поразот на комунизмот, а нивното дејство имало големо влијание Адолф Хитлер.
Црна рака
Српската организација позната како “Единство или смрт” била тајна српска милитаристичка организација основана во 1911 година со цел да се бори против Отоманската империја.
Главната цел на организацијата била револуција, односно распад на Австро-унгарската империја и создавање на Голема Србија.