Категории

Среќа на денот: Revija bar & food вработува лице со Даунов синдром

Во општество каде што секојдневно сме сведоци на предрасуди од секаков вид, дискриминации и ограничена свест, објавата на официјалната фан страна на Revija bar & food одекна со брзина на светлината и наиде на многубројни позитивни коментари и критики.

Имено, станува збор за отворено работно место за личност со Даунов синдром во Revija bar & food„Ги охрабруваме лицата со Даунов синдром и попреченост да се јават на нашиот оглас! Трудот, желбата и волјата за работа не познаваат разлики. Нашиот тим има потреба од амбициозна личност, а насмевката, желба за работа и позитивна енергија се нашите критериуми!“, стои во објавата.


Лицата со Даунов синдром се позитивни, ведри и дружељубиви личности и не се сомневаме дека енергијата и пријатната атмосфера во Revija bar & food ќе биде на уште повисоко ниво.

Прегледи:
1249
Објавено на:
07.11.2018