Уживајте во слаткиот, но освежителен вкус на овој домашен рецепт.
Состојки:
- 1.100 г лимон
- 1,5 кг шеќер
- 2 лажички 10 гр винска киселина
- 2 л вода
Подгототвка:
Кората од лимонот изрендајте ја. Овошјето прободете го на неколку места со дебела игла. Оставете го да се вари во 3 води, а самото варење треба да трае 4 минути (секое варење е во нова ладна вода).
Направете умерено густ шеќерен сируп од вода и шеќер. Исечете го оладеното овошје на парчиња и ставете ги во сируп заедно со изренданата кора. Слаткото ставете го да се вари додека лимонот не омекне, а сирупот не згусне. На крај, додадете винска киселина во жешка вода и варете уште 2-3 минути.
Така подготвеното слатко префрлете го во друг чист сад и оставете да отстои 5-6 часа. Ставете го во стерилизирана тегла и чувајте на темно место.