Пејачката наградена со Греми – Шакира и нејзиниот сопруг, прославениот фудбалер Жерард Пике, ја продаваат својата куќа во Мајами.
За оваа велелепна вила идниот купувач ќе мора да издвои 11.6 милиони долари. Во предниот дел на куќата се наоѓаат 6 спални соби и 7 тоалети додека од задниот дел се излегува на голем базен покрај кој се наоѓа бар и простор за ручање и дружење. Во куќата има и теретана, работна соба, соба за медиуми. Целата куќа е во светли нијанси, најмногу комбинирани со бела боја и боја на дрво.