После сите можни диети, тренинзи и медицински терапии, конечно имаме и еден генијален начин за губење на калории.
Имено, гледање на хорор филмови може да согори 200 калории, што е скоро едно цело чоколадо. Што е филмот пострашен, толку повеќе калории губите, тврдат научниците од Универзитетот во Вестминстер. Тие велат дека со гледање на хорор филмови можеме да изгубиме ист износ на калории како кога чистиме прозорци еден час или кога шетаме половина час.
Резултатите од истражувањето покажуваат дека филмови со сцени на кои гледачите имаат тенденција да скокаат од страв се најдобри за согорување на калории, бидејќи тогаш срцето се забрзува. Ненадејниот проток на адреналинот, предизвикан од интензивен стрес или страв, го намалува апетитот и го забрзува метаболизмот.
Како филм со кој согорувате најмногу калории се покажа филмот “Сјаење” на Стенли Кјубрик. Со гледање на овој филм постои можност да се согорат дури 184 калории (толку може да се согори со возење велосипед 30 минути). Потоа, на второ место се наоѓа филмот “Ајкула“ на Стивен Спилберг со 161 калорија, “Егзорцист ” на Вилијам Фридкин со 158 калории, “Вонземјанин” на Ридли Скот со 152 калории …
За разлика од овој жанр, гледањето на акциски филмови и мелодрами го зголемува апетитот.