Енергетските пијалоци се популарни, дури и кај помладите генерации и покрај сите истражувања кои ги докажаа нивните штетни влијанија врз здравјето, но колку се навистина штетни енергетските пијалаци?
Истражувачите велат дека пијалаците кои се полни со кофеин и шеќер, можат да доведат до стеснување на крвните садови, што може да доведе до мозочен удар.
Енергетските пијалаци се сертифицирани како безбедни од страна на властите ширум светот, но овие пијалаци можат да содржат 160 мг кофеин, и покрај фактот дека 105 мг е безбедна дневна граница.