Категории

Со срце за Цаци: Да донираме сите Цаци да го победи ракот!

Цаци минатата есен почувствувала неочекувани симптоми на тешкотија во десната страна на телото, но мислела дека тоа е само знак за премореност поради нејзината активност во многу општествени полиња.

За жал, тоа биле симптоми за нешто многу сериозно. По преживувањето на епилептичен напад, таа беше дијагностицирана со Глиобластома, малиген тумор на левата страна од мозокот. Веднаш беше направена операција во приватна клиника, проследена со радио терапија и девет циклуси на хемотерапија. Првично резултатите наговестуваа позитивен исход.

Сепак, последните резултати покажуваат дека туморот се вратил и дека рапидно прогресира за помалку од месец.Поради тоа морала да се направи уште една операција во Скопје.

Бидејќи ова е еден од најагресивните форми на рак, таа мора да биде третирана во специјална болница во Тексас. Анализите на клетките се уште не се направени и докторите не можат да кажат со сигурност каква терапија ќе биде потребна. Сепак, медицинските трошоци за било каков третман во болницата се проценети на нешто повеќе од 200.000 долари.

Нејзините пријатели бараат помош за Цаци. Сите оние кои сакаат да донираат, тоа можат да го направат на овој ЛИНК или на бројот за донации на Вип 143 483.

-Дури и најмалиот придонес ќе биде голем чекор за спасување на овој неуморен алтруист – порачуваат нејзините пријатели.

Прегледи:
770
Објавено на:
14.11.2018