Категории

Масовното чистење на оваа плажа ги врати желките назад по 20 години

Ако погледнете околу себе, ќе забележите дека луѓето не се грижат многу за нашата околина. Наместо да го заштитиме и исчистиме нашиот дом, многу луѓе ја третираат Земјата како џиновско ѓубре, загадувајќи ја и уништувајќи ја природата.

Многу научници забележаа дека шестото “масовно истребување” веќе е во тек поради уништувањето на природните живеалиштата и поради климатските промени. Но можеби можеме да ги подобриме нештата. Можеби токму ние можеме да им помогнеме на загрозените видови да продолжат да постојат. Ако сте скептични, само погледнете ги морските желки како доказ дека тоа навистина може да се случи.

Морските желки го нарекуваа океанот дом во времетраење од околу 100 милиони години. Меѓутоа, човечкиот фактор, морските желки ретко преживуваа во овие услови. Многу од нивните места за гнездење се уништени од развојот на индустриите и загадувањето покрај плажите. Оние што успеваат да преживеат обично се фаќаат и заплеткуваат во мрежите и јадиците кои рибарите ги оставаат зад себе во океанот.

Неодамна, најголемото чистење на плажа се случи на плажата Версова во Мумбаи, Индија. Пред чистењето, плажата личеше на џиновска депонија. Сега, плажата е претворена во прекрасно место благодарение на многуте волонтери кои излегоа да помогнат. Масовното чистење на плажата беше организирано од адвокатот и еколог Афроз Шах, кој исчисти пет милиони килограми пластика за 85 недели. Ова му донесе солзи на очите, гледајќи ги желките како се враќаат поради нивните напори за расчистување на целиот хаос создаден од ѓубре.

И покрај многубројните напори за зачувување, морски желки сè уште остануваат загрозени. Неодамна, 300 желки биле пронајдени мртви во близина на брегот на Мексико, веројатно поради тоа што биле оставени рибарски мрежи или јадици. Шест од седумте видови на морска желка се класифицирани како високо ранливи. Како такви, додека напорите за зачувување се во тек низ целиот свет, сите ние треба да се потрудиме во обезбедувањето на чиста планета за секое суштество!

Прегледи:
603
Објавено на:
14.11.2018