Категории

Погледнете како изгледаат најголемите скулптури во светот! (ГАЛЕРИЈА)

Од Тајланд до Русија, големите дела на познати уметници претворени во скулптури го одземаат здивот. Погледнете ги најголемите скулптури во светот.

Божицата на милоста во Хаинан

Ширум Кина постојат многубројни статуи посветени на будистичките божества, но статуата на божицата на милоста во кинеската провинција Хаинан со своите 108 метри дефинитивно се издвојува.

Кипот на слободата во Њујорк

Познатиот споменик во Њујорк е познат и под називот „Слободата го осветлува светот“. Висок е 46,5 метри, на кои им се додава и сталажата висока 46,9 метри. Се наоѓа на Островот на слободата и претставува подарок од Франција како чин на пријателство во 1886 година.

Најголемиот златен Буда, Тајланд

Во тајландското место Патаја, се наоѓа златната статуа на Буда во јога поза, висока 18 метри, што ја прави најголемата златна статуа на Буда во светот.

 

Статуа на единството, Индија

Неодамна направената статуа висока 182 метри е највисоката статуа на светот. Проектот чинел околу 420 милиони долари и го носи името „Статуа на единството“.

 

Споменикот на Петар Велики, Русија

Оваа статуа во Москва спаѓа во најчудните и најголемите во светот. Ја создал грузискиот вајар Zurab Cereteli по повод прославувањето на 300 години постоење на руската морнарица. Подигнат е 1997 година, а тежок е илјада тони, а во 2008. и 2010. година е прогласен за една од најгрдите градби во светот.

 

Мајка татковина, Русија

Статуата со маж со меч во Волгоград (поранешен Сталинград) под називот „Мајката татковина повикува“ е направена во знак на сеќавање на Сталинградската битка. Ја обликувале истакнатиот руски вајар и уметник Евгениј Вучетич и архитектот Николај Никитин. За највисока градба во светот е прогласена во 1967, како последна нерелигиска статуа која е прогласена за највисока.

Царевите Јан и Хуанг, Хенан 

Според легендата, Јан и Хуанг се првите предци на Кинезите, кои во нивна чест подигнале споменик висок 106 метри во подрачјето на Жолтата река. Интересно е што овој споменик не спаѓа во највисоките спомените во светот и тоа затоа што ги претставува само главите, а не и телата на царевите.

Најголемиот бронзен Буда, Џијангсу

Висок дури 88 метри, бронзениот Буда се вбројува помеѓу највисоките статуи во светот, а всушност е највисоката статуа на Буда направена од оваа легура на бакарот.

Прегледи:
786
Објавено на:
15.11.2018