ТripAdvisor објави годишна листа на градови со најдобра локална храна. Листата беше составена од коментарите на читателите.
Според нивниот избор, градот со најдобра храна е Рим. Читателите највисоки оценки им дадоа на локалните слаткарници.
На второ место е Фиренца. Туристите се воодушевени од селата околу Фиренца, каде што учат да подготвуваат пица и сладолед.
Париз се најде на третото место од оваа листа, а туристите најмногу ги интересира туристичката тура “вкусот на Монмартр“. Барселона се најде на четвртото место, по што следеа Њу Орлеанс и Њујорк.
На седмото место е Венеција, идеален град за љубители на вино, морска храна и тестенини.
Мадрид се наоѓа на осмото место на оваа листа, поради пазарот Mercado de San Migue, кој стана незаборавна гастрономска дестинација во градот.
На деветтото место е Токио, а на десетото Бангкок, град кој туристите го избираат поради тајландската улична храна.