Категории

Фикус, бршлен или красула: Изберете ги најдобрите растенија за вашиот дом

Ако сте личност која сака да ги купува растенијата само поради изгледот имаме лоши вести за вас. Не може секое растение успее во истото опкружување, без разлика дали станува збор за внатрешноста на вашиот дом или за дворот. Домот е исполнет со соби со различни извори на светлина и влага. Ова се три растенија кои можат да се прилагодат на вашиот животен простор.

Ѓаволскиот бршлен е идеален за бањата, бидејќи го навлажнува и прочистува воздухот од токсични честички. Ова растение треба да се чува во сенка, на свеж и влажен воздух и редовно да се наводнува.

Фикус ги отстранува токсините и ја зголемува количината на кислородот, поради што треба да се чува во спалната соба. Покрај тоа, има многу интересен изглед и едноставен е за одгледување.


Дрвото на жадот или красула ја симболизира среќата, а се препорачува да го држите ова растение во ходникот каде што ги поздравувате луѓето кои влегуваат во вашиот дом. Красула може да порасне до еден метар. Според Фенг Шуи, ова растение носи пари и ја привлекува енергијата на богатството.

Прегледи:
1294
Објавено на:
22.11.2018