Во светот постојат пет места, познати како “сини зони”, во кои жителите живеат повеќе од 90 години. Едно такво место се наоѓа во Грција, Италија, Јапонија, Костарика и Калифорнија.
Икарија – Грција
Луѓето кои живеат на овој мал остров живеат без стрес. Одгледуваат зеленчук, здраво се хранат, редовно одмараат попладне и уживаат во убавините на Егејското Море. Нивната исхрана вклучува многу маслиново масло, грав и зеленчук, а ретко користат месни и млечни производи.
Олистра – Сардиниа, Италија
Жителите на оваа изолирана рурална област ги прослават нивните предци, често се шетаат, сами произведуваат храна и имаат неверојатна смисла за хумор, што го намалува стресот и ризикот од кардиоваскуларни болести.
Окинава – Јапонија
За Окинава често се вели дека е земјата на бесмртните, бидејќи жените на овој остров живеат подолго отколку луѓето на друго место во светот. За нивната долговечност е заслужено мотото кое тие го нарекуваат “ikigai”. Исто така, тие им придава големо значење на пријателите кои им претставуваат голема поддршка во животот.
Никоја – Костарика
Жителите на овој полуостров живеат според “планот на животот”, кој подразбира често посетување на соседите и пријателите, со што обезбедуваат безусловна поддршка едни за друг.
Лома Линда – Калифорнија
Во овој град живеат околу 25.000 луѓе од кои речиси една третина од населението се адвентистите на седмиот ден. Припадниците на оваа религија јадат многу малку месо и риба, не пушат и не пијат.