Двете доминантни филозофии Конфучизмот и Таоизмот, покрај подучувањата во врска со моралот и добродетелта, го претставиле на Светот начинот на кој кинеската храна треба да биде подготвена и сервирана.
Храната има многу важна улога во кинеската култура. Таа се поврзува со почитта која ја имаат кон заедницата, како и кон семејството со кое заедно ја делат својата храна. Таа е нишката кој ги држи луѓето поврзани.
Од север до југ, од исток до запад, биле развиени различни традиционални кујни. Кинеската кујна, и сето тоа што го нуди, ни открива многу за нивната историја и култура. Познати се по нивните специфични специјалитети и начинот на кој се подготвуваат. Секој регион има карактеристичен вкус, употребуваат различни зачини и начин на подготовка.
Да се подготви вкусна кинеска храна бара време и стурчност. Во кинеската култура комбинацијата на билките и зачините речиси никогаш не е случајна или препуштена на желба на готвачите. Важен критериум при готвењето е постигнување на совршената рамнотежа на аромата, вкусот и изгледот. Според кинезите, добар оброк е оној кој ги содржи сите пет вкусови: луто, киселo, слатко, горчливо и солено. Но, правилото за секој готвач, па и за обичните граѓани, вели дека храната не треба да биде убава само за стомакот, туку и за очите.
View this post on Instagram
Покрај прецизноста на потребните состојки, кинезите се перфекционисти во начинот на кој што ја сервираат храната. Таа секогаш треба да изгледа примамливо, да ја задржи својата природна боја и текстура, а според нив, ваквата вкусна храна заслужува да биде изедена во хармонија и мир во кругот на најблиските.
Во Star Ocean, кинескиот ресторан во Скопје, велат дека овие правила сé уште се почитуваат.
Еден од најбараните оброци на нивното мени е пржен зеленчук, подготвен на кинески начин. Оваа прекрасната топла салата е богата со зеленчуци кои се пропржени во вог тава само 15 секунди. Поради кратката термичка обработка ја задржуваат крцкавоста и оригиналната боја. Исто така се пропржува со кинески зејтин од сусам и кинеска сол која дава прекрасен шмек на истиот Овој специјалитет има киселкаст вкус од кинескиот оцет од ориз.
Подготовката на модриот патлиџан е извонреден. Однадвор е крцкав, внатре е мек и сочен, пропржен само десет секунди со соја сос, кинеска сол и зејтин со морков и пипер. Се препорачува негова конзумација со лукче бидејќи така добива идеален вкус.
Уште еден традицонален кинески специјалитет кој е вистинска бомба од витамини, се состои од пилешко, свинско, говедско месо, апетисани, зеленчуци, црни кинески печури и ракчиња. Има соленкаст вкус и е идеална комбинација од состојки кои даваат енергија потребна за тековниот ден.
View this post on Instagram
За сите оние кои се авантуристи и се подготвени да ризикуваат кога станува збор за мешање на различни вкусови, ги препорачуваат слатко – киселите пилешки топчиња со ананас. Егзотичен специјалитет во кој слатко – киселите пилешки топчиња со ананас се сервирани во кора од ананас во слатко – кисел сос, при што, важно е да се напомене дека топчињата не се мелено месо туку месото е ситно сечкано со сатар.
Оризот има огромна улога во кинеската култура. Имено, постои мит кој кажува дека оризот бил подарок од животните, а не од боговите. Односно, за време на една од катастрофалните поплави, жителите се засолниле на планините. Откако водата се повлекла, сите растенија на полето биле уништени поради што настанал глад. По неколку дена, на полето дошло куче кое со себе донело гранка со жолти семиња – ориз. Уште од почетоците на кинеската кујна, оризот се користи како прилог во речиси секој оброк, во комбинација со зеленчук или месо.
Готвачите на Star Ocean подготовката на оризот ја започнуваат со негово варење на пареа во посебен кинески сад, а потоа го пропржуваат 10 секунди со лукче и брокула. Оризот има убав шмек и се препорачува за сите кои имаат слаб имунитет.
До крајот на овој месец, овие четири специјалитети можете да ги пробате и да уживате заедно со Вашето семејство или пријатели по специјална цена со -20% попуст!