Категории

Зошто имаме акцент кога зборуваме на странски јазик?

Дури и доколку одлично ја разбирате граматиката на странскиот јазик на кој зборувате со години, можно цел живот да имате впечатлив акцент. Зошто е тоа така?

Како што растеме помалку сме адаптивни, што го отежнува изучувањето на новите звуци и интонации на другите јазици. Ова предизвикува странските јазици да звучат поинаку од нашиот мајчин јазик. Поради тоа луѓето ги задржуваат своите акценти откако ќе се преселат во нова држава или кога ќе научат втор или трет јазик.

Многу ученици учат прво да пишуваат на друг јазик, а потоа да зборуваат. Исто така, се учат многу различни зборови од речникот, без можност да се изговорат.

Многу е тешко да се научи како се изговараат различни звуци. Не можете да го научите вториот јазик на ист начин на кој сте го научиле првиот. На пример, јапонскиот јазик не прави разлика помеѓу “Л“ и “Р“, што им го отежнува учењето на англискиот јазик.

Прегледи:
491
Објавено на:
27.11.2018